Привремено недостапно

Овие услуги во моментов се недостапни.
Ве молам, обидете се следната година.

ARRANGERS



Обезбедување административни и законодавни услуги на странски субјекти во земји:

Чешка република Словачка


Контакт

За нас


Со здружување на професионалци од различни области, како и нивното долгогодишно искуство и експертиза, успеавме да создадеме исклучителен проект, со кој што на нашите клиенти им обезбедуваме комплексни услуги, во справување со правни активности, без, лично да бидат присутни или да патуваат во Република Чешка или Република Словачка.

Специјализирани сме во аквизиции на недвижен имот и компании, изнајмување недвижности и други добра, основање компании и соодветни правни услуги, сметководствени услуги, даноци, менаџирање со недвижен имот или справување со државни авторитети и институции.

Клучната придобивка за нашите клиенти е тоа што сите услуги се на далечина, а клиентот не е принуден да патува- Вие останувате во вашата земја, а ние како ваш агент, ги менаџираме сите ваши барања и потреби.

Нашата главна предност е знаењето на локалните услови и комплексноста на нашите услуги. Нашиот тим се состои од адвокати, сметководители, даночни експерти, агенти за недвижности, експерти за проценка на недвижен/движен имот и економисти специјализирани во областа на недвижности и компаниски инвестиции и аквизиции.

Поседуваме долгогодишно искуство во нудење услуги на странски инвестициони фондови како и на наши локални индивидуални клиенти.


Контакт


Нашите услуги


(Чешка, Словачка)

  • Потрага по имот врз основа на вашите барања, освен во случај ако веќе не сте нашле
  • Спроведуваме виртуелна тура низ имотот за кој сте заинтересирани (преку Вибер или WhatsApp) и ќе ви покажеме се што сакате да видите (доколку објективно е можно); во видео форма ќе овозможиме снимање на виртуелната тура.
  • Ќе организираме и спроведеме техничка контрола на имотот
  • Ќе ги спроведеме сите постапки кои водат до аквизиција на имотот, вклучувајќи и склучување на потребни договори и гаранција за легалноста на имотот, како и постапки за обезбедување со приклучоци за имотот, како што се струја, гас, вода, канализација и др.
  • Осигурување на имот и справување со правни барања
  • Ќе најдеме соодветен потстанар, ќе склучиме договор за изнајмување со него/нејзе и во ваше име ќе го следиме и контролираме подмирувањето на сметките од страна на потстанарот.
  • Спроведување на правни услуги преку адвокат кој ќе биде одговорен за исправноста на правните активности
  • Ќе се грижиме за вашиот имот- поправки, осигурување, преговори со снабдувачите за енергија, плаќања, даноци, водење на исплатите/уплатите, барање нови потстанари
  • Подготовка на документите за поврат на данок, секоја година како и водење сметка за даноците

Контакт

(Чешка, Словачка)

  • Потрага по имот врз основа на вашите барања, освен во случај ако веќе не сте нашле
  • Спроведуваме виртуелна тура низ имотот за кој сте заинтересирани (преку Вибер или WhatsApp) и ќе ви покажеме се што сакате да видите (доколку објективно е можно); во видео форма ќе овозможиме снимање на виртуелната тура.
  • Ќе спроведеме постапки кои водат до аквизиција на имотот/потпишување на договор за изнајмување на имот за вас.
  • Спроведување правни услуги преку адвокат кој ќе биде одговорен за исправноста на правните активности
  • Ќе настапуваме во ваше име како ваш претставник во постапки пред државните институции и авторитет.

Контакт

(Чешка, Словачка)

  • Ќе основаме компанија со главно седиште во Република Чешка на ваше име (друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво)
  • Адресата на регистрираната компанија со главно седиште ќе ви ја доставиме за ваши понатамошни потреби
  • Компанијата/регистрацијата ќе биде проследена преку даночна регулатива, како трговско друштво во управата за јавни приходи за правни лица, исто така заведена и регистрирана и во други релевантни институции.
  • Ќе отвориме сметка во банка за компаниските потреби
  • Извршување на сите сметководствени работи и даночни обврски
  • Правни услуги
  • Корисна информација: Фирма/компанија во Република Чешка се регистрира за 5 дена по поднесување на сите документи

Контакт

(Чешка, Словачка)

  • Ќе ги спроведеме сите правни постапки за купување/преземање на таргетираната компанија: eкономски, правни, даночни, технички итн.
  • Комплетни правни услуги пред аквизицијата, во тек на аквизицијата и пред старт-уп на компанијата
  • Ќе ве поддржиме во тек на сите постапки.

Контакт


Можеме ли да ви помогнеме за нешто друго?
Ве молиме, известете не. Се додека е легално, ние ќе бидеме среќни да ве поддржиме.

Контакт


Контакт


ARRANGERS
Zengrova 2009/12
160 00 Praha 6
Czech Republic

IČ: 71551981
DIČ: CZ7903220281

Телефон: +420 517 070 138
arrangers@arrangers.cz
www.arrangers.cz

We use cookies to operate this website. Cookies are files used to customize the content of the website, to measure its functionality and, in general, to ensure your maximum satisfaction. By using this website, you agree to the way we handle cookies. More information.